Британската манекенка Наоми Кемпбел е позната по својата убавина, богата кариера но и контроверзниот љубовен живот. Нејзиниот живот изгледаше како отворена книга додека не роди ќерка. Почнаа разни шпекулации, но таа одлучи да стави крај на приказните.
Во интервју за „The Cut“, манекенката отворено зборуваше за својот приватен живот, откривајќи како добила ќерка благодарение на сурогат мајка, но нејзиното име, како и ликот, се уште не се откриваат во јавноста.
Таа не крие дека е воодушевена од својата ќерка, од моментот кога ја добила. Таа неодамна објави нејзина фотографија на која може да се види дека веќе е принцеза облечена во брендирани чевли.
На фотографијата се гледа како ги држи нозете и се фали со нејзиниот стајлинг. Под фотографијата пишува натпис: „Мои отчукувања“, што ги разнежни нејзините следбеници.
Она што изгкеда ја погоди неа е фактот дека нејзиното мајчинство се доведе во прашање, па реши да застане на патот на злите јазици, откривајќи ја вистината, од која не се срами, туку се гордее, со нејзината наследничка.
Наоми претходно истакна дека сака да стане мајка.
Таа порано разговараше со новинарка на „Метро“ за биолошкиот притисок врз жените да имаат деца, па рече: „Сега, кога науката напредува, мислам дека можам да го правам тоа кога сакам“.
Извор: Нова.рс