Цвеќе, срциња, свеќи, балони, љубов, љубов, љубов… Филип Нуне и Мими Јовановска се свршија по четири години врска – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 7:00 PM

Цвеќе, срциња, свеќи, балони, љубов, љубов, љубов… Филип Нуне и Мими Јовановска се свршија по четири години врска

Музиката ги спои, но љубовта ги натера со прстен да се овековечат. Филип, како и сите вљубени мажи неодамна клекна на колена и ја побара раката на Мими. А таа вљубена и збунета клекна заедно со него. Така секогаш бива во вакви ситуации, кога возбудата е на највисоко. А воззбудата почнала со подготовките, кога поради објективни причини Филип неколку пати морал да го менува местото и начинот на кој ќе и ја побара раката на својата вљубена.

-Седум ни е датум кој ни е важен, врската ни почна на седми јануари, на Божиќ пред четири години и затоа решив на седми август да ја запросам Мими.  Морав се да смислам за 2-3 дена, бидејќи родителите на Мими си заминуваа за Шведска, а сакав да бидат тука за овој моемент. Првичниот план ми беше да ја запросам пред црквата „Св. Димитрија“, но бидејки имавме еден по друг настап тоа пропадна. Пота сакав на езерото крај Велес, видов една убава плажичка, па сакав да наредат свеќи, цвеќе, да биде романтично. На денот кога сакав, свиревме на свадба  таму и сакав веднаш после настапот. Но, пожарите беа актуелни и дуваше многу ветер. Се исплашив со свеќите да не предизвикам пожар и на крајот последен план, кој успеа е дома кај мене, вели Филип и додава:

-Купив прстен, цвеќе, шампањ и оставив задача на моите  моите да организираат.  Сакав латици од ружи да стават по под, да купат укет од 21 ружа во вид на срце, толку колку што Мими има години, балони, свеќи, се што треба. А додека да дојдеме ние од Велешко, тие да подготват и да си заминат. Додека свиревме на туѓата свадба, сите колеги од бендот знаеја дека ќе и ја барам раката, само Мими не знаеше. Бидејќи беше договорено кога ќе ќе помине церемонијата меѓу мене и Мими откако ќе се вратиме дома, после 10 минути да дојдат и тие, да дојдат моите и да се прослави, вели Филип.

Додека Филип раскажува Мими се присети на возбудата кога влегле во станот на Филип и кога од атмосферата сфатила што ќе се случи.

-Кога стасавме кај него дома, кога ја отвори вратата јас се шокирав. Не ни помислив дека во ноќ во 2.30 часот, по напорен ден Филип ќе ме побара за жена. Толку бев збунета што кога Филип клекна, јас клекнав со него. Нозе ми се отсекоа. Кога Филип ми ја кажа фамозната реченица- дали ќе се омажиш за мене, јас од возбуда замолчав, вели Мими.

Филип и Мими се заедно веќе четири години, дека нивната врска ќе заврши со брак знаеле и двајцата.

-Во нашата врска многу помогна короната. Додека траеше пандемијата немавме настапи, живеевме заедно и многу се зближивме и свативме дека сме еден за друг, вели вљубената двојка.

Неколку дена по запросување Мими и Филип направиле мала свршувачка, на која се запознале семејтвата, а за свадба се договориле, како што велат, здравје догодина.

-Да поминат мерките, да може да се вратиме во нормалниот живот, за да направиме нормална свадба, велат тие.

Неколку дена по овие церемонии Филип и МИми заминаа на одмор, кој за нив значеше подготовка за меден месец. Ги наполнија батериите за да имаат енергија за настапи, но пандемијата, кој ги зближи, исто така и им ги расипа плановите за професионалните настапи.

Филип и Мими претходни за ММС ја раскажаа својата љубовна приказна, во која прзнаа дека токму лошото, пандемијата им ја зацрвстила љубовта.

-Љубовта е таа што победува и колку и да има предизвици и падови ако љубовта е посилна несомнено ќе победи.Така и ние со текот на времето се навикнавме еден на друг, па како и секоја врска доживувавме секојдневни предизвици што не направија посилни и поодлучни, рекоа вљубените Филип и Мими.

Освен што се вљубени, тие во естрадните кругови важат за многу добри и воспитани, кои карактеристики неминовно биле „виновни“ за нивното спојување. А токму тоа ги привлекло и нив двајцата.

-Кај Мими ми се допадна желбата за успех, упорноста, искреноста и добрината. Тоа за мене се карактеристики кои се клуч како треба да е изградена една женска личност. А тоа кај Мими навистина и го има, вели Филип.

И Мими кога го опишува Филип го мисли истото.

-Сличните карактеристики,  желбата за успех,истрајноста , тоа што колку многу ми посветува внимание ме тера да мислам дека Филип е личност на која можеш да се потпреш.Тој е сликата што секоја  девојка си ја  посакува , а јас таква слика видов кај Филип, вели Мими.

(В.М.)