На Инфективна почина 15-годишно девојче од тетовско, информираат од МЗ – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 12:10 PM

На Инфективна почина 15-годишно девојче од тетовско, информираат од МЗ

Пред малку Министерството за здравство со голема жалост информираше дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби починала 15 годишна пациентка од село Селце тетовско.

Како што информираат од МЗ пациентката била со многу тешка клиничка слика  кога е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста, односно пред таа да биде  болнички лекувана имала тегоби 10 дена.

Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19.

Наши извори од болницата во Тетово информираат дека девојчето во тешка здравствена состојба побарало помош кај нив, но поради критичната состојба веднаш било препратено во болницата во Скопје, од каде, пак, е префрлена на Инфективна.

Од тетовската болница, пак, информираат дека вкупно 105 лица се хоспитализирани во последните 24 часа, додека 102 пациенти се на кислород, додека шест лица починале.

Според соопштението од центарот „Ковид“ во Клиничката болница во Тетово, најмладата личност која починала во последните 24 часа е од 1966 година, додека најстарата е родена во 1936 година.