Среќно сине! Министрите си ги испратија децата на училиште – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 11:58 AM

Среќно сине! Министрите си ги испратија децата на училиште

Училишната година започна со физичко присуство за сите ученици. Конечно, детскиот џагор се врати во училиштата, што посебно ме радува, напиша министерката Царовска на својот Фејсбук профил, каде објави фотографија со нејзиното синче, како го испраќа на училиште.

 

-На син ми Давид, којшто е четврто одделение, денеска кога го однесов на првиот час му порачав да се придржува до правилата кои ни ги наметна пандемијата– задолжително да носи маска додека е на затворено и често да мие раце. Му реков, дека тоа е така затоа што треба да се заштити себе си, а со тоа и другите, бидејќи само така можеме подолго да го задржиме џагорот на учениците во училиштата. Му посакав и успешно совладување на новите наставни програми и максимално користење на дигиталните материјали за учење кои се новина од оваа година. Но сето ова, ниту малку не треба да ја намали радоста на децата, затоа што и да носиш шарена маска е и да учиш од таблет е интересно. Среќна учебна година на сите ученици, напиша Царовска.

И министерот за правда, Бојан Маричиќ го испрати својот син на училиште.

-На сите ученици им посакувам многу здравје, знаење и дружење во новата учебна година. Вие сте нашата иднина. Среќно сине, напиша тој.