Во љубовта не му оди ама во бисниз е топ – Нова колекција облека на Кање Вест – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 11:29 AM

Во љубовта не му оди ама во бисниз е топ – Нова колекција облека на Кање Вест

– Американскиот рапер Кање Вест на својата интернет-страница објави колекција по повод објавувањето на албумот „Donda“. Со натпис на одредени парчиња облека, тој ја објави и својата следна кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави.
Имено, новата колекција дизајнирана од модната куќа „Баленсијага“, содржи и маичка на која пишува „2024 година“, маица со фотографија од куќата на Донда Вест (мајката на Кање), качулка и капа. Цените се движат од 60 до 200 долари.

Во ноември лани, раперот напиша „Kање 2024“ на Твитер, навестувајќи ја кандидатураше за американски претседател. Тој веќе еднаш се кандидираше и успеа да освои само 60.000 гласа.

Албумот „Донда“ стана најслушаниот на сите стрим-платформи деновиве.

Се појавија и гласини дека музичката корпорација „Јуниверзал мјузик груп“ го издала албумот неодамна, без дозвола на Кање. Од корпорацијата велат дека таа неговата изјава е бесмислена. Многумина се сомневаат дека се работи за „маркетинг-трик“.

МИА