Македонски брод доби на подарок трактор со приколка и косачка – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 11:25 AM

Македонски брод доби на подарок трактор со приколка и косачка

Општина Македонски Брод денеска од Бирото за регионален развој доби нов трактор „Солис“, со приколка и косачка.

Како што рече градоначалникот Живко Силјаноски, механизацијата вредна 1 900 000 денари, ќе се искористи за повеќе намени.

-Тракторот ќе се користи за подобрување на комуналните услуги и за собирање смет. Со дополнителната приклучна опрема, косачката, ќе се отстрануваат ниско стеблести дрва и гранки по локалните патишта, ќе се коси тревата на двете страни од сите патишта, бидејќи при интензивна вегетација ги стеснува коловозите, а ќе биде од полза и за косење на тревата на градскиот стадион и негово континуирано одржување, рече градоначалникот.

Тој информира дека од Бирото за регионален развој се обезбедени и средства за два инфраструктурни проекта што се реализираат во Општина Македонски Брод.

МИА

Фото: mbrod.gov.mk/