Папата ја цитирал Меркел, но не знаел дека тоа се зборови на Путин – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 10:26 AM

Папата ја цитирал Меркел, но не знаел дека тоа се зборови на Путин

Папата Фрациск ја критикуваше вклученоста на Западот во настаните во Авганистан како обид на надворешниот фактор да наметне декомратија со што го цитираше рускиот лидер Владимир Путин, а мислеше дека тоа го изјавила германската канцеларка Ангела Меркел.

Папата во разговор за шпанските медиуми бил прашан за новата политичка мапа која се обликува во Авганистан по повлекувањто на САД после 20 години војна.

Римокатоличниот поглавар изјави дека ќе одговори со цитат на германската канцеларка која ја опиша како една од најголемите политички личности.

– Неопходно е да се престане со неодговорна политика на наметнување на своите вредности на другите и да се обидувате да градите демократија во други земји на основа на надворешен модел, а притоа да не ги земете во предвид историските, етничките и верските прашања и притоа целосно да ја игнорирате традицијата на народот – нагласи Папата.

Но, овие зборови ги изговори рускиот претседател за време на посетата на Ангела Меркел во Москва.

Извор: Blic.rs