Пресврт во Шпанија: Гризман се враќа во Атлетико Мадрид – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/21 10:30 PM

Пресврт во Шпанија: Гризман се враќа во Атлетико Мадрид

Несудената ѕвезда на Барселона и долгорочен партнер во нападот на Лионел Меси, Антоан Гризман, се наоѓа пред спектакуларно враќање во Атлетико Мадрид. Незавидната финансиска состојба на Каталонците и потребата да се ослободат од фудбалерите кои заработуваат високи плати, го натераа нивното раководство да пронајдат нов клуб за Французинот.

Заминувањето на Саул Нигез во Челзи, ослободи уште едно место во составот на Диего Симеоне, а „јорганџиите“ не ја испуштија приликата повторно да го вратат Гризман на „Ванда Метрополитано“, во обид да ја одбранат титулата во Примера.

Некогашниот играч на Реал Сосиедад како позајмен играч до јуни 2022.година ќе настапува за Атлетико Мадрид, кој ќе има опција да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Замената за Гризман во навалната линија на Барселона се очекува да биде холандскиот повремен репрезентативец и играч на Севиља, Лук Де Јонг.

 

Фото:

Twitter