Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид-19 тестовите, известуваат од Владата.
Авганистанците кои слетаа вчера со „Kam air“ на скопскиот аеродром, како што вели Владата, се граѓани кои се животно загрозени од талибанските структури и кои две децении работеле за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.
На аеродромот во Скопје, 149 граѓани на Авганистан вчера беа прифатени од МНР, МВР, Црвениот крст, Министерството за здравство и меѓународните организации.