Килијан Мбапе ќе мора да почека до следното лето, а ова на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа еден од најголемите светски таленти, Едуардо Камавинга.
Реал Мадрид и Рен постигнаа договор за трансферот на 18-годишниот играч од средината на теренот, кој ќе го задржи Камавинга во Мадрид до 2027.година. „Кралскиот клуб“ на Французите ќе мора да им исплати околу 35 милиони евра.
🤍 #WelcomeCamavinga 🤍
👉 @Camavinga pic.twitter.com/qECpcYxw0F— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 31, 2021
За услугите на Камавинга во летниот преоден рок беа заинтересирани и екипите на Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен, но не беа подготвени да излезат во пресрет на барањата на Рен, за разлика од Реал Мадрид.
Камавинга е второто официјално засилување за Реал Мадрид по пристигнувањето на некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба.
Фото: