Еу сертификатите важат секаде, но секоја земја си има свои правила, рече Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/21 1:07 PM

Еу сертификатите важат секаде, но секоја земја си има свои правила, рече Филипче

Од хоспитализираните ковид пациенти најзастапени се пациентите над 60 години, а 2% се малите деца и има 20 –на деца кои се хоспитализирани во болницата во Козле и тие имаат релативно лесна форма на болеста, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Од регистрианите смртни случаи најголем дел се над 60 години, за огромен процент над 73% тие имаат хронични заболувања и тоа дијабет, хронички заболувања на кардиоваскуларниот систем, на белите дробови, тоа што се забележува е дека долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат прилично доцна со лоши параметри со многу ниска сатурација, потенцираше министерот.

Тој вели дека не е вистина дека болните не се лекуваат според протокол, бидејќи како што вели во секоја од болничките установи има соодветен протокол, препорака, терапија, индикација иако нема унифициран пристап за лекување ковид никаде, секаде има препораки во зависност од тежината на клиничката слика.

Бројот на починати лица кои што се вакцинирани е навистина многу мал, вели Филипче што ја докажува ефикасноста на вакцината, а тоамногу пати го намалува ризикот од смрт.

Министерот во пресрет на новата учебна година рече дека ќе има тестирања во училиштата секогаш кога ќе има индикација за тоа, и за тоа има капацитет, а индикацијата ја поставува лекар епидемиолог.

„Утре започнува школската година со физичко присутво на децата со исклучоците кои што ги најавивме, а исклучоци донесени врз база на оптеретеноста на болничките капацитети во тие градови, а тоа се средните школи во Тетово и Гостивар кои ќе ја започнат наставата онлајн, најпрво две недели а потоа зависно од стстојбата. Во секое училиште ќе важат посебни критериуми во зависност од тоа ако се појави некоја трансмисија на вирусот, апроценката ќе ја прават епидемиолозите во однос на контактите, близината на децата, големината на класовите, а моделите се онлајн настава и тоа да биде делумно со физичко присутво, дел онлајн за да учениците не губат од наставата и затоа МОН е целосно подготвен, или пак целосно онлајн ако се постави индикација за тоа“, рече министерот.

Трендот на намален број на новозаразени продолжува неколку дена, вели тој Р (ер) факторот на преносливост е веќе по 1, односно 0,9 и од искуството од претходните бранови секогаш во периодот од една недела до 10 дена најпрво преднички Р 0 факторот во падот, и понатаму следат вкупните бројки на новодијагностицирани.

„Тоа што го донесе ЕУ како одлука оди во прилог на нашата политика, а тоа е да има што поголем број на вакцинирани граѓани, токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ни ПЦР тетсови, не е потребен ни карантин и тоа е доказ дека буквално целиот свет оди во тој правец, целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето кои што се вакцинирани. Очигледно тоа е единствениот спас да го вратиме нормалниот живот. Само вакцинирани луѓе и таму во ЕУ земјите можат да влегуваат и на настани, угостителски објекти секаде како критериум се бара вакцинацијата. Сега признаени се тие сертификати за вакцинација, очигледно е дека сите земји во светот се повеќе ќе ставаат акцнет исклучиво на вакцината како еден инструмент кој што го имаме сега, го немавме минатата година и тогаш се воведуваа сите овие мерки, рестрикции“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека граѓаните од Македонија, може да влезат со сертификатот за вакцинација без да бидат ставени во карантин, ПЦР тест конкретно знам за Германија дека е потребно ако не сте вакцинирани меѓутоа ќе одите во карантин 5 дена, па ПЦР тестирањето ќе се повтори, на тој начин се обезбедува земјата, а сметам дека е добра и нашата мерка затоа што  мора да пуштиме сигнал дека водиме сметка и за другите земји и дека е коректно. Сепак со оваа честа фрекфенција на луѓе и комуникации, како и соработката и солидарноста помеѓу земјите е многу битна, истакна тој.

Г.Д