Тетовецот кој пред повеќе од една недела ги оштетил цевките за довод на кислород во тетовската болница е лишен од слобода, информираат од МВР.
Вчера околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.