Претежно сончево со слаб ветер од западен правец со минималната температура од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, се најавите за денеска. УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 31 степен.
Како што информираат од УХМР до петок ќе се задржи стабилно време, освен во среда околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Во среда и четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.