(видео)Со основен пакет за поддршка вечерва се дочекува првата група од Авганистан – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/21 9:23 PM

(видео)Со основен пакет за поддршка вечерва се дочекува првата група од Авганистан

На скопскиот аеродром во 22.30 часот се очекува да пристигне првата група од 149 бегалци од Авганистан, кои ќе бидат привремено згрижени од македонската Влада. Како што брифираат од таму, Црвениот Крст ке биде првиот контакт за граганите кои пристигнуваат од Авганистан. Како што е најавено, по пристигнувањето, сите грагани ке добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција. Преку Министерството за здравство ќе им се обезбеди ПЦР тест и ќе им биде понудена можноста да вакцинираат.
-Пракаме порака на топло добредојде, солидарност и поддршка која спасува живот. Кажуваме добредојде на граѓани, кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кажуваме добредојде на народ кој 20 години ги бранесе мирот и демократијата во Авганистан, велат од Владата.
Вечерва пристигнуваат луѓе вработени во Меѓународните организации со нивните семејства,чии животи се загрозени од талибанскиот режим. МВР ќе ги спроведе сите безбедност проверки.