Минхенски Баерн денес го комплетираше трансферот на австрискиот репрезентативец кој се соочи со Македонија на претходното Европско првенство, Марсел Сабицер.
Играчот од навалната линија на Лајпциг, за 16 милиони евра се пресели од клубот од источна Германија во Баерн Минхен и стана третиот човек од Лајпциг кој од јануари до август премина директно во редовите на Баварците, веднаш по централниот дефанзивец Дајот Упамекано и тренерот Џулијан Нагелсман.
Ваквиот трансфер покрена лавина коментари од фудбалската јавност, која повторно го окарактеризира Баерн како клуб кој „држи монопол“ во Бундеслигата и непосредно ја намалува силата на конкурентите за тронот.
Дваесет и седумгодишниот Сабицер на „Алијанц Арена“ ќе настапува до 2025 година и ќе го носи бројот 18 на својот дрес. Спортскиот директор на германскиот првак, Хасан Брацо Салихамиџиќ, изјави дека Сабицер е многу добар фудбалер со силен менталитет и играч кој шефот на стручниот штаб го познава и него и неговите лидерски способности.
Фото:
Twitter / @ChampionsLeague