Јаде шест пати дневно, дремнува по 90 минути и се смрзнува на минус 160 – Како Кристијано Роналдо се одржува во форма – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/21 2:39 PM

Јаде шест пати дневно, дремнува по 90 минути и се смрзнува на минус 160 – Како Кристијано Роналдо се одржува во форма

Кристијано Роналдо направи бура со одлуката да го напушти Јувентус и да се врати во Манчестер Јунајтед, но никогаш порано трансферот на 36-годишен фудбалер не привлекол толку внимание.

Причината е што Португалецот ќе наполни наскоро 37 години, а изгледа сјајно и засега крајот на неговата кариера не се гледа. Телотото му е неверојатно, Португалецот е и понатаму брз, скочен, силен и секогаш подготвен, а една од причините за тоа е и посебна исхрана.

Кристијано дневно јаде шест оброци и се труди да имаат многу протеини, а малку масти. Секој оброк му го пресметува нутриционист кој работи со него цела деценија.

За појадок сака да јаде сирење, шунка и јогурт со низок процент на масти, но и риба и овошје. Пред ручекот тоа го дополнува со пилешко и салата, а за ручек јаде туна, маслинки, јајца и домати.

Помеѓу ручекот и вечерата има два оброка, еден е ужината каде што јаде авокадо, а другиот оброк е составен од свежа риба и салата. За вечера најчесто јаде парче квалитетно месо. Кристијано не пие алкохол и газирани пијалоци, ниту јаде грицки и слатки.

Важен му е одморот. Тој не сака да спие осум часа одеднаш, туку во текот на денот преспива пет пати по 90 минути, секогаш во нова постелнина.

Дома има и комора за криотерапија, па три минути дневно поминува во неа на температура од -160 степени целзиусови. А, на ова се додаваат и тренинзите со тимот, како и вежбите во теретана пет пати неделно.

 

Извор: Mondo.rs