Тешка сообраќајна несреќа кај Бутел, четири лица повредени меѓу кои и дете – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/21 11:32 AM

Тешка сообраќајна несреќа кај Бутел, четири лица повредени меѓу кои и дете

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Вчера  во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.