Исто како и во „Основен инстинкт„: Шерон Стоун блесна во црн тесен фустан во центарот на Венеција – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/21 8:15 PM

Исто како и во „Основен инстинкт„: Шерон Стоун блесна во црн тесен фустан во центарот на Венеција

Славната актерка Шерон Стоун (63) го посети италијанскиот град Венеција каде што снимаше кампања за модната куќа „Долче и Габана“ која ја ангажираше да и биде заштитно лице.

Шерон Стоун прошета по Венеција во тесен црн фустан со проѕирни ракави кој го носеше со лакирани црни салонки, очила за сонце и впечатлива црвена чанта со што дојде до израз нејзината завидна фигура и витки нозе.

Актерката зачекори во седмата деценија, но со ова гламурозно издание уште еднаш потврди дека годините за неа се само бројка.

Позираше на фотографите во ресторан на плоштадот Свети Марко, а околу неа набрзо се собраа многу обожаватели. Шерон Стоун седна со прекрстени нозе токму како во славната сцена од филмот „Основен Инстинкт“ од 1992 година, но овојпат носеше долна облека.

Извор: 24sata.hr

фото: mattinopadova.gelocal.it