Непозната жена се појавила на погреб, се простила од покојниот и потоа ги шокирала сите – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/21 5:20 PM

Непозната жена се појавила на погреб, се простила од покојниот и потоа ги шокирала сите

Кога едно ужалено семејство видело непозната жена пред одарот на својата почината роднина во Франција, пристојно и дозволило да и оддаде почест на покојната над отворениот ковчег, но набрзо се шокирале од нејзината мистерија.

Жената, која имала околу 60-тина години се претставила како пријателка на починатата. Но, подоцна кога членовите на семејството повторно дошле до сандакот, сфатиле дека покојната останала без нејзиниот скапоцен накит.

Семејството пријавило во полиција која почнала потрага по сомнителната пријателка. Полицијата утврдила дека се работи за жена која живее недалеку од погребната фирма во градот Лијевен. При апсењето во нејзиниот дом полицијата го нашла украдениот накит.

Набрзо властите ја поврзале со кражба на паричник од мртовец изложен на одар во истото погребно претпријатие истиот ден, па се сомневаат дека Французинката имала честа пракса да ги ограбува покојните на погреб.

Извор: objektiv.rs

фото: flipboard.com/