Крвав викенд во Македонија, изобилство од физички напади  – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/21 4:20 PM

Крвав викенд во Македонија, изобилство од физички напади 

Официјалниот билтен на Министерството за внатрешни работи вели дека во последните 24 часа речиси и да нема регистрирано град или село во Македонија каде што некој не се обидел физички да се пресмета.

Полициски службеници вчера околу 19.20 часот во с.Требино, Македонски Брод ги привеле С.Ц.(31) од с.Требино, Љ.В.(30) од с.Челопек,Тетовско, Т.П.(36) од с.Долно Седларце,Тетовско и С.Ц.(71) од с.Требино кои агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Како што соопшти МВР, по документирање на случајот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеака во ОВР Кавадарци, 17 годишен малолетник од с.Дреново, кавадаречко пријавил дека на 28.08.2021 околу 23.30 часот во с.Дреново бил физички напднат од Ф.Б. и Х.Ј. двајцата од с.Дреново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера пред пазар на подрачје на Центар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Т.(43) и Љ.С.(56), додека П.Д.(44) агресивно се однесувал, сите од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Ноќеска во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(44) и Ж.Н.(43) двајцата од Скопје, од една страна и М.М.(25) од Куманово и С.С.(26) од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11  од ЗППЈРМ.

Синоќа пак, во Полициска станица Македонски Брод, од З.К.(37) од с.Близанско, Македонски Брод било пријавено дека околу 18.00 часот пред продавница во с.Суводол, Македонски Брод тој и С.Б. од с.Самоков биле физички нападнати од Н.М. од с.Ропотово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Куманово, Р.Р.(44) пријавил дека околу 19.30 часот  во близина на маркет во с.Љубодраг по претходна расправија бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во истиот град С.Т.(25) пријавила дека на плоштад во Куманово била физички напдната од Д.Ј.(41). Сочинет е записник за констатиран прекршок по по чл.12 и чл.4 од ЗППЈРМ.

Рано утринава во СВР Охрид, З.Р.(28), Б.Ч.(28) и Р.С.(23) сите од Струга пријавиле дека пред угостителски објект во с.Волино биле физички нападнати од К.С., И.Т. и уште едно лице, сите од село с.Волино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А, во СВР Штип вчера било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект во с.Луковица – Македонска Каменица, Д.С.(44) од Македонска Каменица физички го нападнал Д.Т. од Македонска Каменица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Гевгелија, Ѓ.М.(37) од Гевгелија пријавил дека околу 20,30 часот во круг на основно училиште во Гевгелија неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.С.(56) од Гевгелија.