Се изнајмува стан за млади двојки, но само ако немаат секс пред бракот – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/21 12:15 PM

Се изнајмува стан за млади двојки, но само ако немаат секс пред бракот

На Фејсбук групата подстанар.хр во Хрвстска осамнал бизарен оглас во кој една жена ја изнајмува својата гарсоњера во загрепската населба Дубрава, но само за оние што ќе донесат потврдат дека ги примиле сите сакраменти и се римокатолици.

Тој што ќе реши да плати 350 евра плус комуналии за нејзиниот мал стан ќе мора да биде католик, а во конкуренција може да бидат и невенчани двојки на кои им поставува интересен услов – да немаат секс пред бракот.

„Изнајмувам гарсоњера во Загреб, кварт Дубрава. Греењето е на плин, но постои и вграден вентилатор. Станот се наоѓа на четврти кат, зградата има лифт и во близина има автобуска постојка. Цената е 350 евра плус комуналии. Ве молам да ми се јават само луѓе од католичка вера. Се работи за мои уверувања. Исто така однапред ве молам да извадите потврда за примени сакраменти. Тоа можете да го подигнете во вашата матична црква. Без тоа не може да ви го изнајмам станот. Не сакам да влегувам во вашата интима, но предност имаат оние кои се во брак.

Може и млада двојка, но да се држат до тоа да немаат односи пред бракот“, стои во огласот кој набрзо во Хрватска стана хит.

 

Извор: 24sata.hr