Познатата руска бизнисменка и инфлуенсерка Марина Лебедева (31) почина за време на операција на носот во елитната руска клиника Артибеут во Санкт Петерсбург. Причината за смртта се уште се истражува, но се претпоставува дека за несреќната девојка кобна била анестезијата.
Марина со операцијата вредна 4.000 фунти сакала да го исправи неправилниот облик на носот, но во текот на операцијата нагло и пораснала телесната температура што веројатно било реакција на анестетикот.
Штом медицинскиот тим од клиниката сфатил дека нешто не е во ред, веднаш повикал Итна помош која и покрај сите напори, не успеала да ја спаси Марина.
„Докторите се шокирани, ова се случува во една од милион операции“, стои во извештајот на клиниката.
Снимката од операциската сала ќе послужи како доказ на суд, а веднаш била покрената дисциплинска постапка против хирургот за лекарска негрижа. Поради смртните последици на пациентката на сите во операциската сала им се заканува затворска казна во траење од шест години, јави британскиот весник Сан.
Директорот на клиниката Александер Ефремов пред медиумите изјавил дека пациентката пред операцијата прошла неколку тестови кои ги направиле високо квалификувани лекари и оттаму веруваат дека смртта ја предизвикала нејзината генетска состојба.
Извор: Vecernji.hr
фото: Thesun.co.uk