Ураганот Ида, што го зафати западниот брег на Куба, достигна брзина од 130 километри на час, предизвикувајќи силна бура и дожд, известува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми информираа дека последиците од ураганот, што ја достигна категоријата 1, се чувствуваат во главниот град Хавана и во покраините Артемис и Пинар дел Рио.
Официјалните лица соопштија дека во одделни подрачја дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија, а во крајбрежните региони на југот од земјата се забележани поплави.
Претседателот на државата, Мигел Дијаз-Канел, изјави дека земјата се соочува со сериозен предизвик и го повика народот да биде дисциплиниран.
Националниот центар за урагани вчера соопшти дека ураганот Ида би можел да предизвика поплави и свлечишта.