Неверојатниот Аргентинец во редовите на Денвер Нагетс, Факундо Кампацо, во интервју за „Caja Negra“ кое го пренесува „Eurohoops“, изјави дека најтешкото нешто во НБА лигата не му е адаптацијата на играта и темпото, физичката игра или нешто сосема трето, туку „треш токот“, односно директното провоцирање и зборување од страна на противничките играчи.
-„Треш токот“ ми паѓа најтешко, многу се зборува во текот на мечот. Тоа не се случува баш често на Светските првенства или на Олимписките игри, туку само во НБА лигата и тоа постојано. Јас шутирам за три поени од аголот во близина на противничката клупа и од таму се слуша „остави го да шутне, нема шанси да погоди“. Доколку баскетот влезе во кошот, ќе се свртиш кон нив и ќе прославиш, доколку се случи спротивното, тие тогаш ти влегуваат веднаш во главата, неверојатно е, изјави Кампацо.
Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид и освојувач на мундијалското злато со Аргентина во Кина, во дебитантската сезона во најдобрата кошаркарска лига имаше солидна сезона, забележувајќи во просек по натпревар 6.1 поен, 3.6 асистенции и 2.1 скокови во поминати 21.9 минути во регуларниот дел од сезоната на паркетот.
Фото: