Тројно празнуваа каменичани на Голема Богородица (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/21 7:24 PM

Тројно празнуваа каменичани на Голема Богородица (видео)

Три празници во едно славеа каменичани на празникот Голема Богородица. Денот на рударите, православниот празник и дополнително оваа година се одбележа 25 години од основањето на Општината Македонска Каменица. Оваа година, како и секоја измината на 28-ми август, одбележувањето беше во знакот на рударите, дополнето со славењето на младите. Деновиве завршија работите на Паркот на младите, чиј изглед го дадоа двајца млади архитекти, чие решение беше избрано на конкурс. Лоцирано на уредениот кеј на Каменичка река, веднаш до делот за младите со скејтпаркот, поставено е новоуреденото детско игралиште, кое на празникот беше преполно со деца, забрзани да ги испробаат сите поставени реквизити.

Целата вест можете да ја прочитате на МојаОпштина.