Некогашниот младинец на Арсенал и дел од стартниот состав на Бирмингем во сезоните поминати во Чемпионшип, Сем Оџи, почина на 35-годишна возраст по тешката борба со болеста.
На Oџи, кој е братучед на познатиот сол британски пејач Лемар, како што известија од деветтолигашот Хајгејт каде што Оџи работеше како тренер-асистент, здравствената состојба минатитот петок значително му се влошила.
Централниот дефанзивец кој не успеа да направи кариера во најдобрата англиска дивизија, но остави своевиден печат во пониските лиги, настапуваше за Донкастер, Бристол и Лејтон Ориент. Поранешните негови соиграчи се збогуваа со него на социјалните мрежи.
Своевремено големиот талент на кого му се предвидуваше огромна кариера, позади себе остави сопруга и едно дете.
Фото:
alchetron.com