Трагедија во Охрид – Случаен минувач пронајде починат маж во водите на езерото – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/21 1:14 PM

Трагедија во Охрид – Случаен минувач пронајде починат маж во водите на езерото

Утрово во Охрид е пронајдено безживотно тело на маж во Охрид. ММС ги контактираше надлежните во СВР Охрид, од каде ни го потврдија случајот:

-станува збор за повзрасен човек, чиј идентитет се уште немаме дозвола да го откриеме. Пронајден е од случаен минувач на кејот, во близина на пристаништето. Нема траги на насилство врз него. Увидот речиси е завршен и највероајтно ќе има обдукција. Извесно е дека причина за смрт е природна, но дали е срцев удар или нешто друго допрва ќе се зне, ни рече Стефан ДЦимовски од СВР Охрид.