Во пресрет на славењето на својот патрон, Свети Јоаким Осоговски, Општината Крива Паланка го промовираше почетокот на еден од проектите од ТАВ програмата, а тоа е изградбата на улицата „Вршачка“. Вредноста на инвестицијата е близу 150 илјади евра со ДДВ, а се очекува кривопаланчани по комплетно новата улица да се движат по еден месец.
Градоначалникот на Крива Паланка беше домаќин на генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, кој го означи почетокот на работите, придружуван од вицепремиерот Љупчо Николовски. Пред гостите и сграѓаните, градоначалникот Мицевски рече дека интензивно се вложува во инфраструктурата. Североистокот важеше за запоставен, со со вложувањето во инфраструктурата се дојде до значајно ниво на урбанизација, со цел да се надоместо тоа што со години не е направено.
Особено се значајни последните вложувања, од кои Мицевски наброја само неколку, кои се во тек, или при крај со работата.
-Завршени се работит на тротарите на улицата „Херој Карпош“. Следна недела продолжува со рехабилитација крак од улицата „Пере Тошев“, а само оваа година од општинскиот буџет се издвоени 9 милиони денари за оваа намена. Деновиве отпочна трета фаза со асвалтиранињето на патнот правец од село Габар до село Огуд во должина од 9 километри, која чини 34,5 милиони денари. При крај е втората и треата фаза од регулацијата на коритото на корито на Крива Река, за што се издвоени 25 милиони денари. Во тек е избор на оператор за уредување на овој потег, рече Мицевски.
На настанот, градончалникот Мицевски кажа дека интензивно се работи на изградбата на нови улици, патни правци, спортски терени, водоводи, канализациони системи, регулации, тротоари, нови објекти, градски парк.
-Денеска сме тука во населба Долно Грамаѓе неполн месец по претходната посета кога го означивме отпочнувањето на изградбата на локалниот патен правец од А2 кон новите градски гробишта, за да го официјализираме почетокот на уште еден проект кој е од огромно значење за жителите на овој регион, изјави Мицевски.
Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, го потенцира рамномерниот регионален развој и подигнување на животниот стандард како цел на актуелната власт.
– Тоа го постигнуваме со секој проект, не само од областа на патната инфраструктура, туку и преку други инфраструктурни проекти кои резултираат со поквалитетно образование, современа комунална инфраструктура, поквалитетни здравствени услуги, културен и социјален живот.Ова се проекти директно за граѓаните, за подобри услови за живот во секоја општина, затоа што развиени општини значат и развиена економија, рече Николовски.
Општина Крива Паланка преку ТАВ програмата доби поддршка за изградба улици во населбите Чивлик и Мизовски ливади. Вкупната поддршка вклучувајќи ја и изградбата на улицата “Вршачка” е околу 465 илјади евра.