Елис Приор од Лондон има три години и нејзината мајка Софи Хоу (28) гордо истакнува дека таа е меѓу најмладите и најуспешните модни инфлуенсерки.
– Благодарение на нејзината кариера, таа веќе заработи доволно за депозит за куќа – вели Софи.
Елис веќе работи со голем број брендови во кампањите за детска облека.
– Нејзината гардероба вреди околу 2.000 фунти, што е доволно кога ќе се земе предвид дека има само три години – вели Софи.
– Луѓето ме осудуваат што заработувам од неа, но јас повеќето пари ги ставам на посебна сметка и таа ќе ги добие парите кога ќе порасне – вели мајката.
Софи вели дека Елис била „убава“ како бебе, па сакала да ги сподели своите слики со сите.
Така, таа го отворила Инстаграм за неа практично веднаш по раѓањето.
– Како што растеше, таа добиваше се повеќе егзотичен изглед и се луѓето ја следеа. По некое време луѓето прашуваа каде и ја купивме облеката. Со текот на времето, почнавме да работиме со брендови, вели Софи.
– Многумина ме осудуваат, но мислам дека манекенството е редовна работа која се исплаќа многу. Така ја обезбедуваме нејзината иднина. Ниту нам не ни е лесно – постојано сме на пат, постојано ја носиме на снимање и мора да се грижиме да биде добро расположена и подготвена за соработка – вели таа.
Извор: Курир.рс
Фото: Инстаграм