Ново известување објавено од непознати лица се појави на норвешко-руската граница, а наменето е за туристи или непристојни луѓе, дека е забрането да уринираат во правец кон Русија, под закана од висока парична казна.
Натпис на англиски јазик, поставен на брегот на реката што ги дели Норвешка и Русија, повикува на „не мочај во правец кон Русија“ и се наоѓа веднаш до службениот знак со кој информира дека местото е под видео -надзор на норвешката погранична стража.
🔴A new sign posted at Norway’s river border with Russia reminds tourists feeling nature’s call that it’s against the law to pee in the direction of Russia – on pain of a hefty fine.https://t.co/1m79LzGnYG
— NewsDay Zimbabwe (@NewsDayZimbabwe) August 27, 2021
„Известувањето мора да е објавено од добронамерни луѓе за да ги предупреди луѓето што минуваат да не се однесуваат несоодветно“, рече еден норвешки граничар.
Казната за прекршокот изнесува 290 евра. Локацијата, популарна кај туристите, се наоѓа на бреговите на реката Јакобселва, од каде што лесно можете да ја видите Русија. Норвешкиот закон предвидува дека е забрането „несоодветно однесување на границата со соседната држава или нејзините власти“.
Пред неколку години, норвешките граничари уапсија четири лица кои фрлаа камења во правец на Русија, а минатата зима жената која беше снимена од камерите беше казнета со 8.000 норвешки круни бидејќи ја пружила левата рака преку границата.
Извор: novosti.rs