Порадои прилично епидемиолошката лоша ситуација има во полошкиот регион во Тетово и во Гостивар, локалниот кризен штаб во Тетово побара училиштата да ја започнат наставата онлајн.
Министерот за здравство, Венко Филипче на средбата со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и кризниот штаб таму, откри дека утрово Комисијата за заразни болести со консензус донела препорака средните училишта наставата да ја започнат онлајн и тоа да биде препорака за првите две недели. Понатаму во однос на тоа како ќе се одвива ситуација ќе се носат одлуки.
– Главна причина за одлуката е што болниците се преоптеретени, а бројката на ученици во средните училишта во Тетово е прилично висока и може да биде дополнителен ризик фактор. Иако, да потенцирам, немаше трансмисија лани кога 40% од училниците беа полни, но ние треба да бидеме внимателни и да не дозволиме ескалација – истакна Филипче.
Ова важи само за средните училишта, не за основните за кои Комисијата смета дека можат да почнат со работа со физичко присуство. И во Тетово и во Гостивар ќе важи истата одлука.
– Бројките постепено се намалуваат. Веројатно масовната имунизација и стекнатиот имунитет го прави овој бран да е поразличен од претходните. Добро е што тука во Тетово се отвораат дополнителни пунктови за вакцинација. Благодарение на овие мерки, во изминатите десетина дена опфатот со вакцинација од 23% во Тетово порасна на 35%. Луѓето верувам дека се свесни дека вакцинацијата е единствениот начин да се нормализира – рече тој.
Во моментов има зголемување на инциденцата и во другите градови, но таму е процентот на вакцинирани е повисок.
– Има случаи на заболени после вакцинација и претходно кои веќе ја прележале, но тоа се ретки случаи. Се уште многу аспекти во однос на болеста се непознати, но тоа што се знае е дека вакцината сигурно, за 20 пати, го намалува ризикот од смртен исход. И сега, околу 85% од заразените се невакцинирани – додаде министерот за здравство.
О.К.