Македонскиот првак Вардар обезбеди солидна, но не и сигурна предност во првиот четврфинален натпревар против ПДД Загреб од четири гола разлика (24:20) пред реваншот во Хрватска.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е задоволен од оваа разлика затоа што е доволно солидна и ќе тржи тензија, односно ќе ги држи играчите будни и ќе нема простор за опуштање.
Овој резултат го предвидел Вујовиќ пред натпреварот, односно на ракометарите им рекол дека сака предност од два гола разлика на полувремето и четири гола предност на крајот.

Фото: Вангел Тануровски


