Министерот за одбрана и заменик премиер на Словенија, Матеј Тонин од вчера престојува во официјална посета на Северна Македонија, на која домаќин е министерката Радмила Шекеринска.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министрите денеска во Охрид ќе имаат средба и билатерални разговори на ниво на делегации и потпишување на Договор за донација.
По билатералните разговори предвидени се изјави за медиуми.
Од Охрид, министерката Шекеринска и нејзиниот словенечки колега ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски, кој од името на граѓаните на беровскиот регион ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета за Здружените сили на цивилна заштита на Словенија, во знак на благодарност за брзата реакција во справувањето со шумските пожари.
MИА
Фото:
gov.sl