Сончево со умерена локална облачност – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/21 7:10 AM

Сончево со умерена локална облачност

Сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, најавува УХМР.

До недела ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, денес во планинските подрачја, а за викендот претежно на истокот од земјава.

Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.