Оваа торта се приготвува најбрзо и најлесно.
Состојки:
1 пактече бисквити од 400 грама
480 милилитри слатка павлака
450 грама чоколадо за готвење
Подготовка:
Издробете ги бисквитите во подлабок сад. Во друг сад, измешајте 400 мл слатка павлака и 350 грама чоколадо за готвење и ставете ги во микробранова печка за да се стопи чоколадото.
Истурете ја смесата врз бисквитот додека е уште жешко и добро измешајте.
Добиената смеса поделете ја рамномерно во тркалезна форма со пречник од 20 см и оставете ја да се стегне во фрижидер.
За тоа време, направете прелив од 100 грама чоколадо за готвење и 80 мл слатка павлака на ист начин – со парење или загревање во микробранова печка. Истурете ја врз тортата и вратете ја во фрижидер да се стегне.
Еве како изгледа: