Првите три недели од септември ќе има онлајн наставата во Тетово, одлучи општинскиот кризен штаб – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 3:12 PM

Првите три недели од септември ќе има онлајн наставата во Тетово, одлучи општинскиот кризен штаб

Првите три недели од септември наставата во Тетово наместо со физичко присуство да бидат онлајн, донесе одлука од Кризниот штаб на Општина Тетово, на која одобрение треба да даде Министерството за образование. Од Општина Тетово ќе бараат сите просветни работници кои предаваат во училиштата во тетовско, да бидат или вакцинирани или пак да прикажат ПСР тест.

 

Одлуката наставата со физичко присуство да биде заменета со онлајн настава, Кризниот штаб на Тетово ја донел по информациите од здравствените работници, дека зараза од Ковид 19 има и меѓу децата. Ученици во школо кога има брза трансмисија на болеста и заразени меѓу децата уште повеќе ќе ја влоши сосстојбата, оценуваат од Кризниот штаб на Општина Тетово.

Инаку денеска Општина Тетово најави за утре отворање на уште два пункта за вакцинација, еден во просториите на Музејот на тетовскиот крај е друг во село Порој, а наскоро како што истакнаа ќе се отвори уште еден пункт само за ревакцинација во објектот на Центарот за култура во Тетово. 

Зоран Димовски