Нападнат италијански авион во Кабул? Пилотот избегнувал вкрстен оган при полетувањето – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 2:43 PM

Нападнат италијански авион во Кабул? Пилотот избегнувал вкрстен оган при полетувањето

На аеродромот во Кабул бил отворен оган врз авионот на италијанското воздухопловство кој се користи за евакуација.

Новинарото на “Скај ТГ24“ кој се наоѓал во авионот потврдил дека на авионот било пукано од огнено оружје, но никој не бил ранет, а пилотот морал да преземе мерки за избегнување на истрелите.

Руските медиуми, исто така, го потврдија инцидентот со авионот на италијанската воена авијација “Ц-130Ј Супер Херкулес“ кој ги погоден со оган од митралез при полетувањето од аеродромот Хамид Карзаи во главниот град на Авганистан.

– Ова е сериозен инцидент затоа што можеме да стекнеме впечаток што би се случувало во Авганистан. Терористите кои ги спонзорира Пакистан ќе управуваат со земјата, што претставува голема закана не само за регионот, туку и за целиот свет – пренесуваат медиумите.

Во авионот се наоѓале новинари и 98 цивили.

извор и фото: Twitter