Австралија: Овците ги постави во форма на срце немајќи можност да замине на погребот на својата тетка – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 12:48 PM

Австралија: Овците ги постави во форма на срце немајќи можност да замине на погребот на својата тетка

Во Австралија, фармерот кој не можеше да присуствува на погребот на својата тетка поради ограничувањата воведени поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид -19), од својата тетка се збогуваше поставувајќи го своето стадо овци во форма на срце, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста објавена во весникот „Гардијан“ (Guardian), фармерот Бен Џексон од австралиската државата Нов Јужен Велс не бил во можност да присуствува на погребот на неговата тетка, која починала од карцином во Бризбејн, поради ограничувањата воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Наведувајќи дека не постоел начин да оди на погребот, Џексон фрлил зрна од житарици на празно поле, терајќи ги своите овци да создадат облик во форма на срце.

Обликот во форма на срце создаден од овците снимен со дрон од воздух бил презентиран на погребот на тетката на Џексон.

Џексон, изјавувајќи дека сакал на овој начин да се збогува од својата тетка, додаде дека извел 3-4 обиди за да ја создаде сликата на срце формирана од овци.

Сликата на срцето формирана од стадото овци за кусо време беше видена од голем број лица на социјалните мрежи.