Пеп Гвардиола во 2023 година го напушта Сити – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 12:22 PM

Пеп Гвардиола во 2023 година го напушта Сити

Иако секоја година шпанскиот стратег ги навикна фудбалските фанови на изјавите поврзани со неговата иднина и откажување од фудбалот, барем оној клупскиот и барем извесен период, на стартот на кампањата 2021/2022 во Премиер Лигата тренерот на актуелниот шампион Манчестер Сити, уште еднаш зборуваше во јавноста за неговите професионални планови.

Педесетгодишниот стручњак кој дојде на кормилото на Манчестер Сити во 2016 година, за „ESPN Brasil“ откри дека размислува за заминување од Англија во 2023 година, односно кога ќе му истече актуелниот договор со „граѓаните“. На поранешниот предводник на Барселона и Баерн Минхен му бил потребен одмор од фудбалот, но не ја исклучи можноста за тренирање на некоја светска репрезентација.

-Мислам дека ќе запрам, мора да имам пауза, да видам што имам направено. Следниот чекор ќе ми биде некој национален тим, доколку се појави можност. Би сакал да тренирам тим од Јужна Америка, да играм Копа Америка, да доживеам такво искуство, изјави Гвардиола.

Во својата кариера во Сити, Гвардиола ја освои Премиер Лигата трипати, еднаш го освои ФА Купот и четири пати Лига Купот.

Фото:

Twitter