Бизарен инцидент се случил во ресторан на североистокот на Мајорка во градот Кан Пикафорт, кога еден турист се пожалил на сметката и на квалитетот на храната.
Средовечниот британски турист вечерал околу 19 часот и му се пожалил на келнерот дека храната не е дора и дека сметката е превисока.
После кратка расправија, келнерот го избодел со нож во пределот на стомакот и бутовите, пишува британски „Сан“.
Ранетиот маж загубил многу крв поради што бил итно префрлен во локалната болница каде што му ги санирале повредите.
„Диарио де Мајорка“ пренесува дека и келнерот бил повреден во овој инцидент, но дека неговите повреди биле од полесен карактер.
Кан Пикафорд важи за омилена дестинација за летување и во рекламите за аранжмани се подвлекува дека местото е идеално за двојки и семејства.
Извор: diariodemallorca.es, mondo.rs
Фото: diariodemallorca.es