Од денес почнува вакцинацијата во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/21 8:00 AM

Од денес почнува вакцинацијата во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала на A1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.

Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.

 

МИА