Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека успешно заврши петтата трансплатација на срце од починат донор. Покрај трансплатацијата на срце, направени се и две бурежни трансплатации.
– Направена е петтата трансплатација на срце од починат донор во нашата земја. Мило ми е што со овој чин е спасен човечки живот и е подобрен квалитетот на живот на уште двајца пациенти, изјави Филипче и исто така изрази багодарност до семејството на пациентката која имала мозочна смрт.
Исто така Филипче откри дека семејството и ја исполнило желбата на пациентката за дарување на органите при евентуална смрт.
– Благодарност до семејството на пациентката која за жал кај неа имаше спонтано крварење во мозокот и кај неа беше детектирана мозочна смрт. А нејзиното семејство сопругот, братот и ја испочиуваа нејзината желба која ја искажала додека била жива, во случај при евентулана смрт да се донираат нејзините органи. Транплатираното срце е направено кај пациент на возраст од 66 години за кој што немаше друга алтернатива, не беше канидат за вештачко срце, а неговото срце работеше со капациет помалку од 20 проценти. Хирушката интервенција е завршена сега тој е во фаза кога тој ова деноноќие ќе го помине на респираторна машина, а утре ќе започне процесот на будење. Оваа фаза е критична се надваме дека пациентот оваа фаза ќе ја надмине и нема да има позначајни комликации. Двете други трансплатации на бубрег направени се кај пациетнтите се на возраст од 40 години и кои повеќе нема да одат на хронична дијализа и ќе имаат нормален живот, рече тој и се заблагодари до тимот кој и покрај пандемијата успеале заеднички да го зацврстат здрвствениот систем и во други специјалности.
Доктор Маја Мојсова истакна дека со помош на кампањата на органодарителството ќе се подигне свеста кај граѓаните за да можат да се спасат повеќе човечи животи, и истана дека уште еден предизвик е издржан и оправдан.
-Повторно се најдовме пред еден предизвик кој во последниве година дена покажавме дека можеме да го издржиме и да го оправдаме. Се случи петтата трансплатација на срце и две бубрежнии трансплатации. Најголема благодарност до семејството кое ги донираше органите. Се надевам дека ќе имаат брз и лесен опоравок на сите пациенти на кои им беа транспалатирани органи и ќе имаат квалитетен живот, рече Маја Мојосва.