Отворен повик за пријавување за Натпреварот за млади новинари од Западен балкан – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/21 2:42 PM

Отворен повик за пријавување за Натпреварот за млади новинари од Западен балкан

Отворен е повик за пријавување за Натпреварот за млади новинари, во рамките на проектот „Media for All“ – сеопфатен проект којшто нуди стипендија за учество во програмата за новинари кои покриваат теми поврзани со младите, менторство и советување за кариера, како и промовирање на медиумските содржини создадени од учесниците новинари од медиумите ширум регионот.

За натпреварот може да се пријават тимови составени од новинари кои доаѓаат од различни земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), односно тимови кои заедно создаваат релевантни содржини за младите ширум регионот на Западен Балкан. За учество на натпреварот ќе бидат избрани 10 тимови составени од три новинари.

Избраните учесници ќе уживаат во придобивките од осумнеделната програма за време на која ќе работат со ментор/и на развивањето и создавањето на нивните стории и ќе добијат стипендии. Петте најдобри тимови ќе бидат поканети да учествуваат на настан за вмрежување што ќе се одржи во ноември, на којшто тимовите ќе бидат оценувани од стручно жири и победничкиот тим ќе освои парична награда за набавка на продукциска опрема.

Повеќе за форматот, темите на натпреварот и како и до кога можете да се пријавите, прочитајте овде.