Центарот на Реал Мадрид, Валтер „Еди“ Таварес, во победата на Зеленортските острови над Ангола на Афробаскетот, манифестираше моќ и при забивањето ја искрши таблата од кошот.
На една минута до завршување на мечот и при резултат 66:64 за селекцијата на Ангола, Таварес се избори за топка во рекетот и со две раце „закуца“, повлекувајќи го обрачот надолу. Силниот печат на некогашниот НБА кошаркар не го издржа стаклото на таблата. На „прва“, ова изгледаше атрактивно и моќно, додека пак после второто гледање се поставува прашањето „дали мораше да го направи ова?“
PERO @waltertavares22 pic.twitter.com/BaA7LBYFM9
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) August 25, 2021
По продолженијата неговата репрезeнтација оствари победа од 77:71 над Ангола, а Таварес беше неприкосновен на паркетот со дабл-дабл учинок и 20 постигнати поени и 18 скокови.
Фото:
Twitter / @GIGANTESBasket / Screenshot