Aдис Јаховиќ повторно во репрезентација, тројца дебитанти на списокот на Милевски – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/21 11:26 AM

Aдис Јаховиќ повторно во репрезентација, тројца дебитанти на списокот на Милевски

Наследникот на Игор Ангеловски и поранешен тренер на скопски Вардар, Благоја Милевски, денес од „Куќата на фудбалот“ го објави списокот на 26 фудбалери за претстојните три натпревари во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Првпат после подолго време во сениорската фудбалска репрезентација се враќа напаѓачот на турскиот Гезтепе, Адис Јаховиќ, а дури тројца фудбалери за првпат добиваат повик за А-селекцијата.

Тодор Тодоровски од Раднички Ниш, Никола Серафимов од унгарскиот тим Залаегерсег и Бојан Миовски од МТК, ќе дебитираат во националниот дрес против Ерменија, Исланд и Романија. Во селекцијата, покрај Јаховиќ се враќаат и голманот на Серед од Словачка, Дејан Илиев и Никола Ѓорѓев од Грасхоперс.

На списокот на селекторот Милевски се најдоа и Аријан Адеми, кој влече повреда заработена во Динамо Загреб и Бобан Николов, за кого останува знакот прашалник за настап поради позитивниот тест на Ковид-19.

Комплетниот список за трите квалификациски мундијалски двобои:

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов * (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми * (Динамо Загреб, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија),  Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија).

Репрезентацијата ќе се собере на 29.август во Скопје, а првиот тренинг е на програмата веќе следниот ден. Нашиот најдобар фудбалски колектив на втори септември ќе се соочи со Ерменија на Националната арена „Тодор Проески“, три дена подоцна патува на гостување во Исланд, додека пак септемврискиот циклус се затвора со мечот против Романија на домашен терен на осми септември.

 

 

Фото:

dailysabah.com