Кривична за кичевчани за малтретирање на сопствените деца – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/18 12:38 PM

Кривична за кичевчани за малтретирање на сопствените деца

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „запуштање и малтретирање на дете“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Џ.М.34 годишен и С.М.30 годишен двајцата од Кичево.

Во текот на минатата и оваа година, пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, психички и физички ги малтретирале нивните три малолетни деца, а потоа ги присилувале да излегуваат на улица во Кичево и во други градови и да питачат, а девојчињата ги терале да се проституираат.

Со пријавените, како и со малолетните деца е извршен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи од Кичево, информираше портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.