Времето денес променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец.
Денес и утре, според УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови.
Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.