Нови 1210 заразени со КОВИД-19, починати 32 пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/21 7:51 PM

Нови 1210 заразени со КОВИД-19, починати 32 пациенти

Нови 1210 случаи на КОВИД-19 од 7084 тестирања  се регистрирани во изминатите 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Починале 32 пациенти на возраст од 32 до 79 години, а оздравени се 451.

Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, 464 од новозаразените се од Скопје, во Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29, Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен имаат по 13 нови случаи, Прилеп – 12, Делчево и Кратово по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – девет, Дебар и Виница по седум, Неготино – шест, Берово – пет новозаразени, Штип, Валандово и Богданци по четворица, Македонска Каменица – три нови случаи, Охрид, Крива Паланка и Пехчево по два и по еден нов случај имаат Демир Хисар и Демир Капија.

Од 32 пријавени починати лица, осум се од Скопје (52г, 54г, 58г, 61г, 67г,68г, 75г, и 77г), по шест се од Гостивар (45г, 47г ,48г, 61г ,67г и 74г) и Тетово (54г, 57г, 60г, 72г, 74г и 78г), тројца од Куманово (52г, 71г и 79г), двајца од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице има од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г). Триесет и еден се починати во болница, а едно лице е починато во домашни услови.

Од оздравените 451, 133 се од Скопје, Гостивар – 78, Тетово – 51, Струмица – 40, Куманово – 36, Кичево – 32, Дебар – 13, Велес – 10, Битола и Ресен имаат по осум, Кавадарци – седум, Штип – шест, Радовиш, Кочани и Берово по пет, Прилеп и Свети Николе по тројца оздравени, Виница и Охрид по двајца и по еден оздравен пациент има во Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија.

Епидемиолошка анализа на број на заболени и на активни случаи по градови:

Скопје 73 686, Активни 4150

Куманово 9860, Активни 768

Прилеп 8509, Активни 151

Тетово 9671, Активни 1911

Битола 6583, Активни 213

Велес 5632, Активни 127

Гостивар 7198, Активни 1494

Кавадарци 5330, Активни 132

Охрид 5338, Активни 294

Штип 5115, Активни 123

Струмица 4814, Активни 554

Струга 3350, Активни 353

Кочани 2924, Активни 103

Кичево 3335, Активни 560

Гевгелија 2253, Активни 55

Неготино 2205, Активни 19

Свети Николе 1604, Активни 65

Ресен 1340, Активни 92

Крива Паланка 1242, Активни 10

Радовиш 1262, Активни 73

Берово 1110, Активни 51

Делчево 1012, Активни 33

Дебар 1226, Активни 192

Виница 934, Активни 35

Пробиштип 805, Активни 16

Валандово 720, Активни 33

Богданци 516, Активни 22

Крушево 502, Активни 12

Демир Хисар 410, Активни 10

Демир Капија 401, Активни 3

Кратово 428, Активни 51

Македонски Брод 417, Активни 47

Пехчево 289, Активни 8

Македонска Каменица 257, Активни 8

Дојран 134, Активни 1

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 170 412 од направени 1 118 535 тестирања. Оздравени се 152 916 пациенти, починати 5727, а активни случаи има  11 769.