Млад фудбалер од Лесковац почина по здобиените повреди од скокот од карпа на Охридско езеро – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/21 12:57 PM

Млад фудбалер од Лесковац почина по здобиените повреди од скокот од карпа на Охридско езеро

Младиот српски фудбалер, Никола Стевановиќ (26), по 12-дневна борба за живот во болница во Скопје, подлегна на повредите здобиени од кобниот скок од карпа на Охридското езеро, пренесува порталот „jugmedia.rs“.

Момчето од лесковачкото село Доње Крајинце, во пресрет на новата фудбалска сезона бил на одмор во Охрид со пријателите и по скок од карпа во езерото, удрил со главата во подводен камен и го скршил вратот и шест ‘рбетни пршлени. Како што пренесува српскиот медиум, Стевановиќ бил веднаш опрериран во Скопје по падот во кома од која не се разбудил.

Никола Стевановиќ играл фудбал од најрана возраст, поминувајќи низ сите млади селекции во ФК Дубочица. Воглавно играл на позицијата центарфор, додека пак низ својата кариера го носел дресот на нисколигашите ФК Кумарево, Полет, Слога, ОФК Морава Лесковац.

 

 

 

Фото:

resetka.rs