Писателот Давор Новевски заплови во брачните води, а снимката од неговата венчавка допре многумина.
Со својата избраничка, Марина Маслек, ги кажа брачните завети минатата сабота во црквата во Придворје, пишува ДУЛист. Новевски е во инвалидска количка, па неговата избраничка го заигра првиот танц на песната „Blinding Lights“ во ролшули.
„Нешто преубаво и весело“, „Тоа е вистинска љубов“, „Многу емотивно“, „Преубаво, љубовта прави чуда“, „Толку многу емоции и љубов во овој танц, толку силна љубов и убавина“, се само некои од коментарите на видеото од нивниот прв танц, кое беше објавено и на Фејсбук страницата „Zavazda Konavle“.
Новески освен што е познат писател, во јавноста е познат по својот блог „Wheelchair Travel Croatia“, каде што ги посочува пречките со кои се среќаваат луѓето со попреченост за време на нивните патувања. Тој е во инвалидска количка од својата 17 година. Магистрирал јавни медиуми и пишува приказни, колумни и песни. Автор е на роман и збирка раскази.
Преземено од: https://www.vecernji.hr/